Мини банички со сирење

3 октомври, 20150
4

Состојки


– 900гр.кори за пита Преферита

За Фил 1
– 3 јајца
– 6 лажици брашно
– 300мл млеко или јоурт
– 150мл масло
– 1 мала лажица шеќер
– 1 мала лажица сол
– 100мл топла вода
– 1 квасец
– 1 прашок за пециво

За Фил 2
– 600гр. рендано сирење
– малку спанаќ

Подготвување

Во малку вода ставете го шеќерот, квасецот, 2 лажици брашно и оставете го квасецот да стаса. Додека квасецот стасува, изматете ги јајцата, додајте 4 лажици брашно, прашок за пециво, сол и измешајте убаво. Додадете млеко (или јогурт), масло и стасаниот квасец и мешајте се додека смесата не се соедини.
Секоја кора убаво прмачкајте ја со филот, а на почетокот на корите ставете од вториот фил со сирење. Замотајте ја како ролат и формирајте ги баничките. Ставете ги во намрсен плех, и секоја баничка премачкајте ја со остатокот од првиот фил.
Првите 10-15минути печете на 250 степени, а потоа намалете на 180 степени. Совет: Баничките се феноменални! Пробајте ги, навистина изгледаат како да се направени од сукани кори. Во овој рецепт како втор фил користевме сирење и спанаќ, но можете да ги направите и со печурки, шунка…..

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi