Пита без печење: Ледена фантазија од само три состојки

28 ноември, 20150
21

Состојки:

– 24 чоколадни бисквити (околу 280 г.)
– 1 лажица растопен путер
– благо растопен сладолед од ванила

Подготовка:

1. Со нож раситнете 6 бисквити и тргнете ги на страна

2. Направете ја кората. Во процесор за храна ставете 10 бисквити и здробете ги најситно што може. Додадете го растопениот путер и мешајте се додека не добиете еднолична смеса.

3. Мешавината од бисквити и путер излијте ја во сад за печење, и на средината истискајте ја до дното создавајќи вдлабната површина освен на краевите. На кората нанесете 8 цели бисквити.

4. Во средината излијте го сладоледот и со помош на лажица нежно распоредете го по целата површина. На врвот наросете со парчињата бисквити кои ги исечкавте на почетокот. Оставете ја питата во замрзнувач 4 часа, и потоа послужете.

5. За да не ви се раздроби питата при сечењето, поминете ја тавата од надворешната страна со крпа натопена во топла вода. Потоа внимателно префрлете ја на чинија, и исечете ја на повеќе парчиња.

Совет:

  • Доколку сакате, можете да ја направите и со вашиот омилен вкус на сладолед.
  • Врвот на оваа ледена торта можете да го збогатите и со рендано чоколадо, мрвици или некакво ситно овошје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi