Во лиснато тесто ставила тенки парчиња јаболка. Кога ќе го видите резултатот ќе се воодушевите!

1 септември, 20150
Во лиснато тесто ставила тенки парчиња јаболка. Кога ќе го видите резултатот ќе се воодушевите!

Овој рецепт ќе ви помогне со само лиснато тесто и јаболки да направите вистинско уметничко дело во кујната.

Овој десерт е можеби и премногу добар за јадење.

Многу лесно може да го направите, а има само неколку состојки.

ПОТРЕБНИ ВИ СЕ:

  • Две јаболка
  • Половина лимон
  • Една лажица брашно
  • Едно пакување лиснато тесто
  • Три лажици џем од кајсии
  • Цимет
  • Шеќер во прав

ПОДГОТОВКА:

Пресечете ги јаболката на половина. Извадете ги коските. Исчистете ги, но не ја отстранувајте кората. Сецкајте ги на тенки кришки.

 

Во чинија со средна големина ставете вода до половина и во неа исцедете сок од лимон.

 

Кришките јаболка потопете ги во водата со лимон и целата чинија ставете ја во микробранова на три минути. Потоа процедете ги јаболката.

Во три лажици џем од кајсии ставете две лажици вода. Ставете ги во микробранова на една минута, а откако ќе ги извадите измешајте.


Пакувањето лиснато тесто побрашнете го и растегнете го. Од него исечете шест траки.

 

Секоја трака премачкајте ја со џем од кајсии и ставајте јаболка по нив.

Јаболката посипете ги со цимет по желба.

Другата половина од тестото префрлете ја преку јаболката, па почнете да превиткувате.


Ружите ставете ги во калапи. Ставете ги во рерна и печете на 190 до 200 степени околу 40 и 45 минути.

Кога ќе се испечат посипете ги со шеќер во прав.

Доколку некој чекор не ви е јасен, погледнете го видеото:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi