Моќен и влажен циклон и се приближува на Македонија

9 октомври, 20150
18

Моќен и влажен циклон и се приближува на Македонија. Циклонот, кој го носи името Димитар, започна денеска и ќе трае се до крајот на продолжениот прзничен викенд, кога територијата на Македонија ќе биде зафатена врнежи кои доааѓаат од Медитеранот.

Овој циклон ќе ни донесе обилни врнежи од дожд над целата територија на Македонија. Ќе има и локална појава на грмежи. Особено обилни врнежи ќе имаме за време на викендот што доаѓа. За време на овој циклон на некои места се очекува да наврне огромна количина воден талог (над 80 литри на квадратни метри).

Повремено ќе дува силен ветер од јужен правец кој се очекува да достигне брзина од преку 60 километри на час. Температурата ќе биде во значително опаѓање и за време на викендот ќе биде за десетина степени пониска од сегашната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi