Погледнете како се тресеше Непал: Ова се првите видео записи од земјотресот!
Стравичен земјотрес во кој настрадаа најмалку 800 луѓе денес го погоди Непал. Земјотресот со огромна разорна јачина уништувал куќи, згради и патишта.
Уште најмалку 50 луѓе се заробени во кула од девет ката од 19-тиот век во Катманду, која се срушила во денешниот силен земјотрес. Бројот на жртви се уште не е конечен, а првите видео записи можат да ни ја доловат разорната моќ на земјотресот. Земјотресот бил со интензитет од 7,9 степени според Рихтеровата скала.
Институтот за геолошки и метеоролошки истражувања во Индија наведува дека плиткиот земјотрес го погодил подрачјето на 81 километар од Катманду.
Силнот земјотрес бил почувствуван и во Њу Делхи и други градови во северниот дел на Индија. Тој бил почувствуван и во пакистанскиот град Лахоре и во Тибет, па дури и во Бангладеш, иако епицентарот бил на 745 километри северозападно од оваа земја. Земјотресот предизвикал и лавина на врвот Еверест.
Погледнете како изгледало стравичното тресење на земјиштето:
https://www.youtube.com/watch?v=80vSWUuuXUY
https://www.youtube.com/watch?v=cyxWTxnItVE