Проститутката која ги имала најдобрите врски во светот на подземјето

7 октомври, 20150
14

Името Мери Ен Дуиган на многумина не им значи ништо, но нејзиниот прекар Чикаго Меј е еден од најпознатите во историјата на криминалистиката.

Впрочем, таа потекнува од Ирска а во тинејџерските години побегнала од дома за да кратко потоа стане глава на криминалните операции на два континенти.

Воедно, таа се омажила поради пари, разнесувала сефови со експлозиви, а се зборува и дека ги имала најдобрите врски во светот на подземјето.

Пред својот дваесетти роденден избегала од дома земајќи ја со себе животната заштеда на своите родители. Заминала во Ливерпул од каде што се упатила во Америка.

Набрзо се вклопила во светот на американскиот криминал. Завела многу „фаци” од тој свет, а се омажила за еден војник од кој набрзо се развела барајќи надоместок од 10.000 долари. Нејзините криминални активности набрзо резултирале со налог за апсење во Њујорк, па Меј побегнала во Лондон.

Во 1900 година го запознала младиот ирски мафијаш Еди Герин и со него се впуштила во врска. Тие испланирале грабеж на Американ Експрес во Париз, но работите не се одвивале според планот.

Еди бил уапсен и фрлен зад решетки. Меј пак успеала да побегне по што се вратила во Лондон се со цел да собере пари за да го ослободи својот љубовник.

Но, Еди повторно бил уапсен. Овој пат поради фалсификување на документи, по што Меј била принудена сама да продолжи со својот живот. Започнала врска со човек кој се викал Чарли Смит. Еди не бил пресреќен поради таа врска, па ги побарал после бегството од затвор.

Неговиот обид за одмазда поради, како што сметал тој, предавство, завршил така што го убил Чарли Смит,. Кратко потаоа, и тој и Меј биле уапсени.

Меј отслужила 10 години затворска казна. По ослободувањето, таа била депортирана во САД каде започнала да се занимава со проституција. Починала на 59 години, во 1929 година.

Нејзините мемоари го опфаќаат целиот животен пат – од наивна тинејџерка па се до врвен крадец.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi