Спремете јакни: Заладување и снег во Македонија!

20 ноември, 20150
2

Времето во Македонија утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, попладне во западните делови, особено на повисоките места на моменти и засилен југозападен ветер.

Дневната температура ќе се движи од 14 до 22 степени Целзиусови. Во Скопје слично време со температура до 18 степени.

Во сабота и недела ќе дува умерен до засилен јужен ветер, кој на моменти ќе достигнува брзина од 50 до 70 км/час.

Во сабота кон крајот на денот во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд кои во текот на ноќта кон недела ќе се прошират насекаде.

Во недела претпладне во западните делови се очекуваат пообилни врнежи од дожд, а попладне на повисоките планини има услови за повремени врнежи од снег.

Во понеделник и вторник ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд.

Во деновите што следат се очекува и значително опаѓање на температурите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi