Геј скандал ја тресе планетата: Том Круз и Џон Траволта 30 години се во тајна врска?!

30 март, 20150
7

Светските таблоиди не престануваат да пишуваат за наводната врска меѓу двајцата легендарни актери и приватно големи пријатели, Џон Траволта и Том Круз, која трае цели три децении.

Доколку се опоравивте од првичниот шок, и доколку можеби низ глава на само неколку моменти ви се провлече мислата дека ова баш и не е толку изненадувачки, да погледнеме што пишуваат американските медиуми.

Покрај огромните насловни страни кои напаѓаат со упадливите букви “Актери 30 години во љубов”, еден таблоид донесува три сериозни тврдења: “Детали од тајниот викенд на љубовниците”, “Опсесијата на Траволта со Круз” и “Што се знае Кели” илустрирани со сопругата на Џон Траволта, Кели Престон.

Траволта, тврди добро информиран извор, наводно се заинтресирал многу за младиот Том Круз уште пред неколку децении, во далечната 1983 година кога го видел во филмот “Risky Business”.

Како што е редот, Траволта го повикал Круз заедно да отпатуваат на неколку дена, а интересно е што и двајцата оделе заедно во сиентолошката црква.

Сето тоа влијаело на актерите да се зближат и да ја одржуваат супертајната врска цели 30 години. Ова не е прв пат Траволта да е вмешан во геј скандал.

Имено, уште пред 5 години се појави книга на авторот Роберт Рандолф, кој тврди дека Траволта со години има бројни љубовници. Наводно, пробал да го заведе и него, но Рандолф одбил. Потоа во 2012 година се појави уште еден човек кој тврдеше дека познатиот актер му понудил 200 долари за секс, а следеше и обвинение на сметка на Траволта од страна на еден од неговите вработени.

И со името на Том Круз се врзуваат неколку хомосексуални врски, но никогаш како што е случајот со Траволта. Наводно, Круз имал романса со пејачот Роб Томас и колегата од “Невозможна мисија” Џереми Рајнер, а се зборуваше и дека и го препуштил старателството над ќерката Сури на поранешната сопруга Кејти Холмс, само поради тоа да не ги открие неговите хомосексуални склоности.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi