Старлетата Ким Кардашијан секогаш била отворена кога се во прашање нејзините сексуални искуства од младоста. Прифаќајќи го советот на нејзината мајка Крис Џенер да користи антибеби таблети, Ким се впуштила на мошне рана возраст во сексуални односи.

Ким, како што веќе се знае, ја изгубила невиноста на 14-годишна возраст, и тоа со едно момче кое е мошне познато во Америка. Новата книга „Ким“, која ја напишал Шон Смит, изнесува нови детали за првата љубов на тинејџерката Ким. Во книгата е наведено дека старлетата првиот секс го имала со внукот на кралот на поп-музиката Мајкл Џексон, кој се вика Тито Џои Џексон, односно познат како Ти-Џеј, и дека со него некогаш имала романса.

Инаку, Ким и порано раскажувала за губењето на својата невиност и навела дека за своето прво сексуално искуство побарала совет од мајка си.

– Кога првпат посакав да имам секс имав речиси 15 години – рекла своевремено Ким и додала дека и се обратила на својата мајка која ја посоветувала што да прави.

First love: Kim Kardashian's reportedly enjoyed her first romance with then-boyfriend TJ Jackson; the two are seen as teenagers

Како што се наведува, Ким својот 14-ти роденден го прославила на познатиот имот на Мајкл Џексон „Недојдија“, а за списанието „Пипл“ старлетата објаснила дека тоа било „најмагичното место на планетата“.

– Кога пристигнав таму, налетав на бебиња слонови и на шимпанзи, а имаше и секакви рингишпили. Имаше се што можев да замислам – рекла Ким.

Старлетата денес е во брак со раперот Кање Вест, додека Ти-Џеј, инаку музичар, е оженет и има три деца. Во едно интервју Ти-Џеј открил дека бил во врска со Ким Кардашијан.

– Бев во врска со Ким кога мајка ми почина, и бев мошне близок со нејзиното семејство кога бев млад – изјавил Ти-Џеј и додал дека „се уште е во контакт со нив, само поретко, бидејќи се многу зафатени и двете страни“.