Прекрасно изненадување за учителка со големо срце која згрижи две деца

27 март, 20150
Прекрасно изненадување за учителка со големо срце која згрижи две деца

Соња Ромеро е инспиративна учителка, која секојдневно им ги подобрува и разубавува животите на малите деца во училиштето во кое работи и не ѝ пречи да го отвори својот паричник и својот дом кога ним им е потребно.

Грижливата учителка неодамна згрижила две од дечињата откако социјалните работници не можеле да пронајдат привремен дом за нив. Малите деца требало да останат кај неа само 48 часа, но оттогаш изминале 6 месеци, а таа во ниту еден момент не помислила да ги остави. За да ѝ се заблагодари за нејзината добрина, Елен Деџенерис ѝ приреди прекрасно изненадување.

Ромеро била во публиката, кога Елен ненајавено ја повикала на сцената. Откако Соња накратко раскажала дека згрижила две деца и дека секојдневно се грижи секој нејзин ученик да е најаден и чист, Елен ѝ покажала емотивно видео. Видеото било снимено во училиштето во Ново Мексико каде работи Соња, а во него нејзини ученици и колеги опишуваат колку големо срце има таа.

Соња Ромеро

Соња Ромеро

Се разбира, Соња не можела да ги задржи солзите, исто како и нејзиниот син кој седел во публиката и самата Елен. На крајот, Елен ѝ доделила два чека со по 10.000 долари – еден лично за неа, а еден за училиштето во кое работи.

Соња Ромеро

Погледнете го видеото кое расолзува:

 

За добрината на Соња говори и фактот што кога некој ѝ дал донација 100 долари, таа му ги подарила на лице кое го видела како плаче седејќи на клупа. Елен ѝ подарила два чека, бидејќи била убедена дека ако ѝ даде само еден, Ромеро ќе ги искористи парите за финансирање на училиштето во кое околу 70% од децата доаѓале од сиромашни семејства.

Кој родител не би посакал ваква учителка покрај своето дете?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi