За некои е преслаба и анорексична, а за други преубава манекенка. Што мислите вие?

3 септември, 20150
16

Австриската манекенка Геневиеве Баркер со една од своите фотографии што ги објави на Инстаграм предизвика лавина коментари па конечно дојде време да го слушнеме и нејзиниот коментар.

Многумина во своите коментари не ја штедеа па и зборуваа дека е преслаба, анорексична, а некои дури и ја нарекуваа костур.

„Јас сум слаба, но ова е одвратно.“ „Оваа жена не изгледа здраво. Дури и ако е ова нејзиниот природен изглед, во што се сомневам, имајќи ги во предвид нејзините години.“ беа само дел од негативните коментари.

„Гледам текстови во кои се осудува срамотењето на дебелите жени и во кои се зборува колку е одвратно една жена да нарече друга дека е преголема. Постојат двојни мерки околу тоа што е општествено прифатлива критика на женското тело. Изгледа дека многу поприфатливо е друга жена да се нарече испиена и одвратна само затоа што е преслаба. Но јас сум слаба и сум вистинска жена“ – изјави манекенката за „Daily Mail“ и додаде дека некој треба да се бори и против јавното навредување на слабите жени.

Таа во нејзината изјава порача и дека зборовите можат многу да болат, па луѓето пред да остават некаков коментар треба добро да размислат за она што зборуваат. Покрај ова манекенката додаде и дека фотографиите на Инстаграм ги објавува бидејќи тоа е дел од нејзината работа и агенциите тоа од неа го бараат.

„Навистина силно се трудам за да имам тело какво што имам. Природно сум витка, но и секој ден тренирам како професионален спортист. Се хранам здраво, здрава сум и силна и да.. јас сум слаба девојка“, потенцираше таа.

На Инстаграм има и фанови кои ја поддржуваат и кои зборуваат дека таа е убава и витка манекенка со ситна градба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi