Пет намирници од кои слабеете во сон

28 март, 20150
11

Нивото на шеќерот во крвта нема да се зголеми дури и кога ги конзумирате овие намирници во доцните вечерни часови. Добрата вест е дека спиејќи можете да ослабнете.

Шумско овошје

Ова е најдобро вечерно мени за оние кои копнеат по благо, без страв од дополнителни масни наслаги. Шумското овошје содржи влакна кои се неопходни при слабеење. Малините, капините и боровницата имаат највисок процент растителни влакна од сите останати во групата.

Јогурт со ниска масленост

Калциумот се смета за еден од најдобрите минерали кои се борат против мастите, а јогуртот е одличен извор на овој минерал. За вечерен оброк изберете јогурт со ниска масленост.

Бадеми

Бадемите содржат протеини, влакна и омега – 3 масни киселини. Грст бадеми е доволно за да се задоволи гладот и да се почувствувате сити. Комбинацијата од влакна и протеини го стимулира метаболизмот, па се убрзува топењето на масти и согорување калории.

Мисиркино месо

Мисиркиното месо содржи аминокиселина наречена леуцин која игра важна улога во заштитата на мускулите од загуба на тежина, принудувајќи го телото да бара извор на енергија во масните наслаги.

Авокадо

Авокадото е богат извор на растителни влакна и поради тоа влегува во списокот на дозволеми вечерни грицки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi