20 знаци дека сте родени еден за друг

11 октомври, 20150
44

Според некои теории за секој од нас постои само по една сродна душа. Други, пак, тврдат дека имаме барем неколку. Што и да е точно, уште поважно е дека некаде има човек со кого можеме да бидеме вистински среќни. А може и веќе да сме го сретнале… Како да се убедите дека сте ја сретнале големата љубов? Погледнете ги знаците кои кажуваат дека сте родени еден за друг. Доколку повеќето од нив ги пронајдете во вашиот брак/врска, можеме да ви честитаме.

Вие сте вие. Не треба да сте лажни за да му се допаѓате на човекот до вас.

Можете да зборувате отворено со него за сите ваши проблеми и стравови, без да се плашите дека ќе ви се потсмева или напаѓа.

Само кога ќе помислите на него, нешто внатре ви трепери.

Си ги простувате грешките и настојувате никогаш повеќе да не ги повторувате.

Можете со часови да лежите еден покрај друг и пак да ви е пријатно.

Можете да се потпрете еден на друг. Знаете дека што и да се случи, партнерот е цврсто до вас.

И двајцата сносите одговорност за зборовите и акциите. Не си префрлувате вина. Се извинувате кога сте погрешиле.

Си верувате. Не се проверувате и не си поставувате замки. А љубомората е само благ зачин на вашата љубов.

Комуницирате и дискутирате. Не правите скандал и за најмала работа.

Го почитувате личниот простор.

Среќни сте, кога другиот е среќен.

Во врската нема хиерархија и опсесија за превласт. Си ги почитувате мислењата.

Не сте зависни еден од друг.

Умеете да се забавувате заедно.

Немате чувство дека само вие правите компромиси.

Не се манипулирате и не си поставувате ултиматуми.

Постојат моменти во кои се разбирате само со поглед.

Со задоволство правите романтични гестови еден за друг.

Немате грижи и комплекси кога имате секс.

Се чувствувате како најубава и најсакана личност на светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi