Бракот е света работа, научете ги овие лекции

6 октомври, 20150
3

Среќниот брак не е случајност, тој не е судбина и не се случува затоа што вие и саканиот сте родени еден за друг.

Бракот е предизвик кој треба да го зграпчите, можност да создадете прекрасен хармоничен сојуз.

Во него не е важна само љубовта кон партнерот, туку и посветеноста, жртвувањето и трпението.

Сопружниците кои минале низ најсилните брачни бури, чекорејќи заедно со исправена глава, имаат свои мали тајни и совети.

Еве некои од нив:

Изберете го оној кого го сакате и сакајте го оној кого сте го избрале. Не им дозволувајте на парите или на најблиските да ви извршат притисок при изборот на брачен партнер. Тоа е личноста со која ќе го поминете целиот живот, па најдобро е да избирате сами, подеднакво и со срцето и со разумот. А откако ќе го кажете судбоносното „Да“, неопходно е да ја негувате љубовта кон избраникот додека смртта не ве раздели.

Не се откажувајте кога животот ќе ви постави големи препреки. Бракот понекогаш е кревет послан со рози, но некогаш врз него има и трња. Среќата доаѓа во бранови и секој брак минува низ кризни периоди. Тие се како бура – страшни и опасни, но секоја бура одминува. И додека најлесното решение е да се откажете, најдоброто е заедно да ги стегнете забите и да издржите на ударите.

Не водете љубов секогаш во исто време, на исто место и на ист начин. Спонтаноста и креативноста ја одржуваат возбудата на љубовен план. Не паѓајте во предвидливи шеми кои водат кон досаден и монотон интимен однос.

Парите треба да бидат „наши“, а не „мои“ или „твои“. Во секој брак доаѓаат моменти кога финансиските проблеми предизвикуваат главоболки и стрес, но не им дозволувајте да ве свртат еден против друг. Кога влегувате во брак, вие прифаќате да сте со партнерот во добро и во зло, во богатство и во сиромаштија. Не ги делете парите и проблемите на „твои“ и „мои“, тие се „заеднички“. Не мерете со колку придонел секој од вас во семејниот буџет, бидејќи кога-тогаш тоа ќе ви се удри од глава.

Не заборавајте дека вашиот брак е приказна сама за себе. Секој брак е уникатен, па не можете решенијата за брачните проблеми на пријателките да ги применувате за решавање на сопствените. Никогаш не го споредувајте вашиот партнер со други, ниту пак вашиот брак со туѓите бракови. Она што го гледате однадвор не се поклопува секогаш со она што навистина се случува внатре.

„Извини“ не треба да биде најтешкиот збор. На среќните брачни партнери не им претставува проблем да се извинат кога погрешиле.

Почитувајте ја приватноста на сопругот. Среќните партнери имаат сопствени интереси, хобија и омилени активности, како и свои пријатели со кои одржуваат контакт. Тие си даваат простор и причина за да си недостигаат и не навлегуваат во приватноста на другиот.

Понекогаш бидете будалести. Смислата за хумор е важна во бракот. Споделувајте ги смешните случки и никогаш не ја потценувајте моќта на силното смеење до солзи. Дозволено е да бидете детинести. Забавата само го зацврстува бракот.

Никогаш не претпоставувајте, туку комуницирајте. Среќните брачни парови знаат правилно да комуницираат. Тие се ислушуваат меѓусебно, прават компромиси, а понекогаш и се жртвуваат. Добрите партнери не претпоставуваат што го мачи другиот, не чекаат „бурата“ да одмине сама од себе, туку активно го истражуваат проблемот преку непрекината комуникација.

Пријателството со сопругот е исто толку важно колку и љубовта. Сопругот не мора да ви биде најдобар пријател, но мора да влегува во вашиот круг на пријатели. Земајте ги за пример забавните пријателски односи и градете такви и со вашиот сакан.

Прифатете дека не постои совршен брак, туку само совршени моменти. Како што животот не се движи по права линија, така и бракот осцилира. Еден ден може да сте најсреќните луѓе на целиот свет, а веќе наредниот ден да ви се чини дека сè околу вас се распаѓа. Не се разочарувајте кога не оди сè како што сте планирале, не се обвинувајте за лошите случки. Клучот кон среќата е да ги цените повеќе совршените мигови и да сте убедени дека ви претстојат уште многу такви.

Дадените комплименти треба да бидат побројни од изречените критики. Критиките и забелешките не треба да се премолчуваат, но истото важи и за комплиментите. За секоја критика, дајте два комплименти и нема да зажалите.

Партнерот не е нешто кое ви е дадено засекогаш, па почитувајте го. Може да постои почит без љубов, но не може да има љубов без заемно почитување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi