Едвај ги спаси нозете, а сега ќе остане и без задник

4 март, 20150
17

Првата придружничка на Miss BumBum 2012 година, Андреса Урач (27), повторно е во болница во животна опасност. Откако едвај и ги спасија нозете, бидејќи почнаа да и се распаѓаат мускулите поради опасен козметички гел кој го вшприцувала само за да постигне поубав изглед на нозете, сега и се инфицираа и имплантантите во задникот.

Во декември помина месец дена на интензивна нега, а сега се наоѓа на истото место во болницата во Сао Паоло. Итно била префрлена во болница откако се разбудила со огромни отоци и воспаление на задникот.

Веднаш била оперирана и биле извадени опасните супстанци од левата половина на задникот, бидејќи и се заканувало губење на нозете, но и на животот.

“Многу ме боли, но Бог е со мене. За се сум сама виновна, поради суета ги преминав границите со операциите и го доведов моето здравје во опасност.

Фала му на Бога, повеќе не ми треба телото за работа и сега можам да работам нормална работа, па на тој начин да заработувам за моето семејство. Порадо би изгубила половина задник отколку да умрам”, порача Андреса од болничкиот кревет.

Урач во последните пет години била на девет пластични операции и сега плаќа огромна цена за непрофесионално завршената работа. Денес работи како ТВ презентерка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi