Мијте ја косата со сок од лимон и помалце ќе ви се масти

24 февруари, 20150
2

Миењето на косата со природни состојки може да направи чуда. Ова важи за сите типови на коса, од оние со масна, со сува, со фарбана коса…

За сјај на косата е најдобро да користите пиво, против првут коприва… еве што може да ви помогне за вашата коса да биде сјајна и здрава без никаков проблем.

Лимон

Миењето на косата со лимонов сок добро е за осветлување на косата, но има и уште една намена. Оние кои имаат проблем со брзо мастење на косата најдобро е завршното миење на косата да го направите со лимонов сок кој добро ќе го втриете во коренот на косата. Така косата многу поспоро ќе ви се масти.

Пиво

Кога би ја миеле косата со пиво, и би го оставиле малку на косата да делува, ќе имате сјајна и здрава коса. Пивото има многу состојки кои и се потребни на косата.

Бреза

Исклучително лековит е чајот од листови од бреза. После овој третман косата ќе ви биде сјајна и мека.

Коприва

Чајот од коприва може да ја ублажи појавата на првут. Доколку имате голем проблем со првутот тогаш направете раствор од чај од коприва и јаболков оцет.

Липа

Лекот за испукани врвови и сува коса е чајот од липа. Имијте ја коста со овој чај секогаш по шампонирањето.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi