Најбизарен тренд за обликување на облините – Носење корсет 8 часа на ден

27 април, 20150
12

Секој ден се повеќе млади жени одлучуваат да носат корсети за да постигнат екстремни пропорции на телото. Ај тркнете до календар и видете дали случајно сме се вратиле во минатото.
И покрај предупредувањата од докторите дека носењето корсет може негативно да влијае врз здравјето на внатрешните органи, да ја оштети кожата и да го отежни дишењето, сè повеќе девојки му се приклучуваат на трендов. „Сакам да имам облини како Ким Кардашијан, ама во исто време да бидам и слаба. Не знам дали тоа е возможно, но мислам дека трудот ќе вреди. Заради тоа носам корсет по 8 часа на ден.

blacchyna-kimkardashian

 

Вежбам и во теретана за задникот да ми биде поголем“, изјавила Габриела Дит, една од девојките кои не се делат од ова парче облека. Дит додала дека корсетот го носела и на часовите по физичко воспитување, бидејќи смета дека на тој начин повеќе се поти и го убрзува процесот на слабеење. Понекогаш, дури спиела со корсет. Почнала да го носи откако наполнила 16 години, а неодамна преминала на уште потенок модел. „Кога го носам корсетот, толку е стегнат што ни храната не се симнува во желудникот како што треба, па не чувствувам многу глад. Јадам значително помалку, некогаш само малку салата. Но не сум загрижена.

Сè што ме интересира се резултатите – мислам дека донекаде веќе успеав да го сменам обликот на мојата половина. Верувам дека ако почнам со тренинг сега, моето тело во иднина, кога целосно ќе пораснам, ќе изгледа одлично“, изјавила девојката.

hqdefault

 

Некои девојки толку го затегаат корсетот што не можат ни да се наведнат ни да седнат кога го носат, а постојано се без здив. За поголема ефикасност, моделот го појачуваат со дебели жици. Корсетите се поврзуваат со анемија, згрутчување на крвта, несвестици, неплодност и проблеми со варењето, а оние што го носат патат од хлороза, односно таканаречена „зелена болест“, заради константната лоша циркулација на крвта во лицето. „Зголемениот притисок на абдоменот го успорува враќањето на крвта од нозете во абдоменот, што може да доведе до згрутчување на крвта во нозете. Заради големиот притисок вез слабините, можна е појава на хернија, а дополнителна опасност е и оштетување на матката и добивање хемороиди“, објаснил професорот Базил Амори, хирург од болницата „Cheadle’s BMI Alexandra”.

hqdefault (1)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi