3 знаци кои покажуваат дека нешто не е во ред со вашата менструација

27 ноември, 20150
17

Тегобите кои ја придружуваат менструацијата со кои се бориме од месец во месец се  вообичаени за жените. Меѓутоа, покрај вообичаените тешкотии можат да се јават проблеми кои укажуваат на сериозни проблеми кои никако не треба да се игнорираат. Тогаш треба да се обратите на гинеколог.

Погледнете кои знаци укажуваат дека нешто не е во ред со вашата менструација.

1. Зголемено крварење – Менувањето на тампони и влошки на секои 3-5 часа е нормално. Но доколку зачестеноста на менување се зголеми на еден час треба да посетите гинеколог. Во текот на менструацијата нормално е првите два дена да има зголемено крварење, но секако тоа не смее да ја надмине вообичаената количина. Зголемената физичка активност како и поголеми количества алкохол можат да предизвикаат зголемено крварење, но ако ги исклучивте овие можни причинители задолжително обратете се на гинеколог. Зголеменото крварење може да предизвика анемија, замор и недостаток на енергија.

2. Прескокнување на менструацијата – Стрес, лоша исхрана, нагло губење на телесната тежина – ова се причинители кои може да предизвикаат поместување на циклусот за неколку дена. Ништо страшно. Меѓутоа доколку се случи менструацијата да изостане и неколку месеци задолжително треба да одите на преглед. Покрај бременоста, можна причина за тоа може да бидат и полицистични јајници – хормонски дисбаланс. Овој проблем може да доведе до зголемено опаѓање на косата и нагло дебелеење, но секако може да се реши. Само треба да се обратите кај вашиот гинеколог.

3. Силни грчеви и болки – Се разбира, секоја жена се соочила со силни болки во долниот дел од стомакот и грчеви во текот на првите денови од менструацијата  – ништо што не може да се реши со лек против менструални болки. Меѓутоа, ако болките секој месец се такви да не можете нормално да функционирате – да станете од кревет, да одите на училиште, факултет или на работа тогаш можно е да имате ендометриоза. Ова се случува кога жлездите кои главно растат во матката се прошируваат на други региони како што се јајниците. Силните болки кои се повторуваат од месец во месец не треба да се игнорираат бидејќи можат да предизвикаат сериозни проблеми. Обратете се кај гинеколог.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi