Природни препарати за лузни, стрии и изгореници

28 март, 20150
16

КОКОСОВО МАСЛО

Масните киселини од кокосовото масло делуваат како јак антиоксиданс. Ова масло има антибактеријско дејство, ја смирува надразнетата кожа, ја обновува и ја штити од слободните радикали, па делува и превентивно против стрии.

Примена: Со кокосово масло неколку пати во текот на денот мачкајте ги оштетените делови на кожата.

СОК ОД МОРКОВИ

Морковите изобилуваат со витамин А, кој ги исцелува лузните, витами Ц кој ја негува и храни кожата, и бета каротен кој ја штити кожата и дава свежина.

Примена: Во сок од моркови ставете лажиче морска сол и нежно масирајте ја лузната. Оставете да се исуши па измијте со млака вода.

АЛОЕ ВЕРА

Моќна билка која продира и во најдлабоките слоеви на ткивото, го забрзува исцелувањето на раните, изгорениците, го стимулира создавањето на новите келии на кожата, ја смирува и ја хидрира.

Примена: Земете еден лист од Алое Вера и со сокот од листот намачкајте ги лузните. Оставете да се исуши, без миење.

МАСЛО ОД ЛЕШНИК

Ова масло ја хидрира, обновува и ја храни кожата. Освен тоа, ги ублажува стриите, црвенилото и испуканите капилари на кожата. Брзо продира во кожата, ја тонира и ја затегнува и натој начин ја одржува нејзината еластичност и чврстина.

Примена: Секој ден со маслото намачкајте ги оштетените места на кожата.

МАСЛО ОД ВИТАМИНОТ Е

Делува како антиоксиданској го спречува формирањето на слободните радикали на кожата и ја штити од оштетување и стареење. Делотворно е кај изгореници, лузни и стрии.

Примена: Маслото нанесете го на оштетените делови од кожата и оставете го да упие. Наместо масло, можете да користите и витамин Е во капсули.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi