Ако имате ваков телефон, повеќе нема да можете да користите Фејсбук

30 март, 20160
11

Од компанијата Фејсбук најавија дека нивната апликација до крајот на 2016 година ќе престане да постои на BlackBerry уредите.

Оваа одлука објавена е откако WhatsApp, која е во сопственост на Фејсбук, исто така потврди дека ќе престане да ги подржава BlackBerry телефоните до крајот на оваа година.
– Многу сме разочарани од одлуката на Фејсбук со оглед на тоа дека знаеме колку многу луѓе ја сакаат оваа апликација. Пробуваме да ги наговориме челниците на оваа компанија да ја променат одлуката, но моментално и понатаму стојат на својот став, истакна Лу Газола, лидерот на BlackBerry App екосистемите.
Иако Фејсбук апликацијата ќе престане да постои на BlackBerry телефоните, корисниците на овие уреди нема во потполност да останат без можноста за пристап на оваа социјална мрежа.па така наместо апликацијата ќе можат да го користат веб сајтот.
Да потсетиме BlackBerry во ноември 2015 година го претстави првиот смарт телефон со Андроид, а дали одлуката на отстранување на Фејсбук и ВатсАп ќе ги натера во потполност да се посветат на уредитете со споменатиот оперативен систем, останува да видиме.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi