Осетете ја убавината на Виена!

25 мај, 20160
2

Продолжуваме да ве носиме низ целиот свет, а овојпат наша дестинација е прекрасната Виена.

Виена е главен град на Австрија а воедно и најголем и град кој има богата империјална историја и веројатно многу светла иднина. Неретко се спомнува и како главен град на Европа.

Во минатото била центар на моќната Хабсбуршка монархија, па секое културно историско место кое ќе го посетите ќе ве натера да се почувствувате величествено.

Виена е град на културата, уметноста и музиката. Сон е за секој човек со романтична душа или интерес за историјата. А, ако барате град во кој ќе побегнете од секојдневната рутина – веројатно го најдовте.

Со цел да ви помогнеме да одлучите што е она што треба прво да го посетите во Виена, ние издвоиме три знаменитости.

Палатата Белведере

Белведере всушност се состои од две палати, една до друга. Опкружена е со градини, статуи, фонтани и каскади. Оваа палата се смета за една од најважните барокни згради во Австрија и дефинитивно треба да се најде на вашата листа за посети.

belvedere1

belvedere2

belvedere3

Катедралата Св. Стефан

Оваа катедрала со години наназад е симбол за Виена. Нејзината изградба започнала во 12-тиот век. Има четири кули и тринаесет ѕвона. За време на барокот нејзината внатрешност често се менувала.
Со цел да се зачува културното наследство и на него да се восхитуваат идните генерации, катедралата неколку пати е реставрирана. Годишно прима повеќе од 3 милиони посетители, што ја прави број еден атракција во Виена.

cathedral2

cathedral3

cathedral8

Палатата Schönbrunn

Оваа неверојатна палата е изградена со цел да биде главен ривал на францускиот Версај со своите барокни убавини, но нацијата немала доволно пари за да успее во тоа. Сепак, Schönbrunn околните споменици и огромниот парк станаа дел од најзначајните знаменитости во Австрија. Се наоѓа на светската листа на културно наследство на UNESCO, затоа дефинитивно вреди за вашето внимание.

shnbrunn5

shnbrunn6

Shnbrunn9

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi