Седум причини зошто да летувате во Далмација

25 јуни, 20160
6

Сонце, топло море, вино, маслинки, риба и убава песна е она што ве очекува во Далмација, која секоја година ја збогатува својата туристичка понуда.

Еве што се треба да посетите:

Сплит

Овој град е во средна Далмација и е стар 1700 години. Тука римскиот цар Диоклецијан ја подигнал својата палата, која и ден денес ја посетуваат бројни туристи.

Паг

Овој остров е спој на традицијата и забавата на која и нема крај. Местото е познато по вкусно јагнешко, сирење, сол, плажи.

Брач

Брач е место кое е рај за сурфери.  Во малите места како Милна, Супетар може да се пронајде мир, тишина и убава камена архитектура.

Хвар

Хвар е остров кој има  најмногу сончеви часови годишно. Градот го опколуваат зданија стари неколку столетија. Тој е место каде се собира светскиот џет сет. Го нарекуваат уште и дијамантот на Хрватска.

Вис

Овој остров има несекојдневна убавина. Името му датира од античко време и може да се пофали со славно минато. Тој до 1989 година не беше достапен за туристи.

Корчула

Светскиот патник Марко Поло во Корчула имал дом. Името го добил по лик хероина од грчката митологија Коркиња. Се смета дека богот Посејдон одредил дека тука ќе и биде домот.

Дубровник

Тој е град на музеи и фестивали, ресторани, преубави пејзажи. „Оној кој бара рај на земјата, мора да дојде во Дуборвник“, кажал ирскиот книжевник Бернард Шава.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi