23 јануари, 2017

Радио

Брзо растечкиот имотен пазар во Лондон води до раст на цените и тоа предизвикува многу луѓе да избираат бегство од престолнината. Овој тренд почнува да станува важечки и за другите европски престолнини.

А ако нивоата на плати и условите за живот не се полоши надвор од главниот град, многумина попрво би живееле во друг град. Во Европа има мноштво градови, кои можат да понудат сличен стандард.

Да, платите се разликуваат во различни земји во Европа, но не само плаќањето е критериум за најдобар стандард.

Според истражувањето на Glassdoor (Гласдор) за стандардот на живот во различни европски земји, што веќе го претставивме, како критериуми се земени и фактори како цените на основните производи и услуги, времето за одмор, трошоците за транспорт и комуналните услуги.

Врз основа на овие критериуми, еве и листа , направена од „Бизнис инсајдер“ за седумте евтини градови за живот во Европа:

7. Барселона, Шпанија

Градот е и седми по број на населението во Европа. Привлекува професионалци и туристи од целиот свет, но трошоците за живот се уште се на ниско ниво покрај платите.

6. Лисабон, Португалија

Просечната номинална плата во Португалија според Гласдор е околу 15 500 евра, но трошоците за живот тука се ниски.

5. Атина, Грција

Грција неодамна забележа дека е надвор од рецесија, и покрај високата невработеност во земјата и должничката криза во последните години, ако имате работа, главниот град е поевтино место за живот во споредба со многу европски градови.

4. Талин, Естонија

Трошоците за живот тука се многу ниски, особено имајќи предвид дека главниот град е политички и финансиски центар на земјата. А платите растат.

3. Солун, Грција

Вториот најголем грчки град нуди доволно работа. Тој е и популарна туристичка дестинација.

2. Порто, Португалија

Вториот најголем град во земјата е релативно евтин за живот, тука трошоците се околу 70% пониски од оние за жителите на Њујорк (основен град во споредбата на Гласдор).

1. Тарту, Естонија

Вториот по големина град во Естонија е најевтиното место за живот во Европа. Наречен е „интелектуалната престолнина“, бидејќи е дом на најстариот и реномиран универзитет во земјата.

Остави коментар

Почетна // патување // ДЕСТИНАЦИИ // Седумте најевтини градови за живот во Европа
Горе