Зелениот Бисер Крф

12 мај, 20160
17

Опкружен со кристално чисто море, најсеверниот остров од седумте острови на јонското море го одзема здивот со својата природа и магија, смарагни заливи, луксузни хотели и плажи обраснати со маслинови дрвја…

До Крф се престигнува со автомобил или организиран превоз со автобус до Игуменица, а потоа со траект. Цената на траектот изнесува 10 евра за лице и 30 евра за автомобил.

Што да посетите

Туристички епицентар на островот Крф е малиот греад Сидири кој е познат по заливите и карпите, како и каналот на љубовта. Се верува дека ако вљубените го препливаат каналот, вечно ќе останат заљубени. Еден од најголемите паркови на вода во Европа се површина од 75.000 км2 се наоѓа на само 9км од градот Крф. Палатата на австриската принцеза Елизабета Ахилион, се наоѓа во прекрасната градина на само 10 км од градот. За љубителите на шопингот го препорачуваме стариот град, кој ќе ве заведе со прекрасниот поглед од Спиридон. Бродот Калипсо е вистинска атракција за посетителите, специјално изграден со проѕирни под палуби нуди подводни тури, морски лавови и нуркачи кои изведуваат акробатски претстави.

Каде да се сместите

Во зависност од тоа дали сакате да шетате и да ги посетите бројните знаменитости кои ги нуди овој остров или пак решите да останете на некоја од прекрасните плажи, изборот на луксузни и достапни хотели е огромен.

Што да јадете

Медитеранската храна со свеж зеленчук, многу риба, тестенини и домашно маслиново масло ќе ги заскокотка вашите сетила за вкус. Леб печен во фурна на традиционален начин, сирење направено во планински села и познатите вина произведени вез адитиви се вистинско хедонистичко уживање. Најомиленото јадење на островот е Pastitsado – се состои од говедско месо и сос, приготвен со компири и тестенини. На пропуштајте да пробате и Bianco – морска храна, приготвена со лимон и кромид.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi