Без печење: Скриени банани со плазма и ореви
29 јули, 20160
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 300 г мелени плазма кекси
- 100 г маргарин
- 100 г шеќер во прав
- 2 банани
- 1 крушка
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 120 г мелени ореви
- 4 банани
- 1 кесичка шлаг пена (за шлагот)
- 200 мл млеко (за шлагот)
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Изматете го маргариннот со шеќерот во прав, потоа додадете во таа смеса изрендана крушка и испасирани две банани.
- Смесата полека измешајте ја со лажица. Потоа додадете ги мелените плазма кекси, ванилиниот шеќер и мелените ореви.
- Убаво измешајте и на фолија расукајте смеса, наредете ги 4 банани по должина, завиткајте во ролат и оставете на ладно да се стегне.
- Оладениот ролат декорирајте го со претходно изматениот шлаг крем со млеко.