Домашен мус од јагоди

20 јуни, 20160
12

Потребни состојки:

За жолтиот фил:

  • 2 жолчки
  • 3 лажици шеќер
  • 50g бело чоколадо
  • 1 ванилин шеќер
  • 1,5dl слатка павлака
  • 5g желатин

За филот од јагоди:

  • 250g јагоди
  • 4 лажици шеќер
  • 5g желатин
  • 1,5dl слатка павлака

За декорација:

  • 150g јагоди
  • 3 лажици шеќер
  • 5g желатин

Начин на подготовка:

Жолтиот фил:

1. Во сад, соединете ги жолчките со шеќер и ванилин шеќер, па гответе на пареа со постојано мешање додека смесата не се згусне. Додадете искршена бела чоколада и мешајте додека не се растопи.

2. Во оладената смеса од жолчки и чоколадо додадете шлаг од слатка павлака и бавно мешајте.

3. Прелијте го желатинот со 2 лажици ладна вода, измешајте и веднаш додадете во филот. Добро измешајте со дрвена лажица.


Филот од јагоди:

1. Измиксирајте ги јагодите во блендер, соединете ги со шеќерот и кратко варете додека 1/3 од течноста не зоврие.

2. Прелијте го желатинот со 2 лажици ладна вода, мешајте додека набабри и потоа додадете го во топлата смеса од јагоди.

3. Изматете ја слатката павлака така што ќе добиете цврст шлаг и потоа додадете го оладениот фил од јагоди и мешајте.

Финална постапка:

1. Во стаклени чаши нанесете го филот од јагоди, а потоа и жолтиот фил.

2. Преостанатите јагоди за декорација измешајте ги и сварете ги заедно со шеќерот. Во него додадете го набабрениот желатин и оставете да се олади.

3. Разлејте ја оладената смеса преку жолтиот фил и оставете да се зацврсти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi