Мус од кафе
14 декември, 20160
Потребни состојки:
- 4 жолчки
- 1 ванилин шеќер
- 30 грама шеќер во прав
- 1 лажица инстант кафе
- По можност 3 лажици ликер од кафе
- 1 лажици какао
- 50 грама бело чоколадо
- 80 грама мелени бадеми
- 200 милилитри слатка павлака
Подготовка:
Жолчките, ванилиниот шеќер, шеќерот во прав, инстант кафето, ( ликер од кафе ) и какаото ставете ги во сад и убаво измешајте ги состојките за да добиете компактна маса. А потоа варете ја на пареа постојано мешајќи околу 5 минути додека кремот не се згусне.
Потоа веќе растопената бела чоколада додадете ја во кремот и на крај додадете ги мелените бадеми.
Откако смесата малку ќе се подолади, додадете ја веќе изматената слатка павлака и мешајте додека не добиете компактна смеса.
Спремната крема сервирајте ја во чаши почекајте 1 час додека смесата не се олади на собна температура.