Велигденска Погача

12 април, 20170
10

Збогатете ја вашата Велигденска трпеза со оваа превкусна млечна погача.

Потребни состојки:

– 1 коцка квасец
– 1 лажичка шеќер
– 1 шоља млеко
– 5 шољи брашно
– 3 јајца
– 5 лажици млечен путер
– 2 лажички сол
– една белка од јајце
– едно црвено јајце за во средина на погачата

Начин на подготовка:

Квасецот и шеќерот ставете ги во млако млеко да одстојат. Во меѓувреме во длабок сад ставете го брашното и солта, а потоа додајте го и квасецот и замесете средно меко тесто со додавање на млака вода доколку има потреба.
Во друг сад изматете ги трите јајца и путерот и смесата додадете ја на тестото и повторно добро замесете. Додајте брашно по потреба. Покријте го тестото со чиста крпа и оставте го да нарасне.
Откако ќе нарасне повторно премесете го тестото и поделете го на три дела. Од секој дел исукајте со рацете долга лента и исплетете плетенка.
Во претходно намрсена тава поставете ја плетенката во круг а во средина ставете го црвеното јајце. Оставете го тестото повторно да нарасне.
Погачата премачкајте ја со белка и ставете ја да се пече во рерната на 220 степени околy 30 минути односно додека не се зацрвени. Проверувајте дали е испечена внатрешноста на погачата со помош на чепкалка. Ако чепкалката е влажна и се лепи значи потребно е погачата сеуште да се пече но на пониска температура доколку веќе е заруменета одозгора.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi