Приказната која ја расплака Америка: Ми се скрши срцето кога го видов овој човек!

16 септември, 20160
9

Џоел Кервентес случајно шетајќи низ Чикаго забележал старец кој едвај оди, но сепак турка количка во која продава сладолед. Џоел, трогнат од оваа глетка, одлучил да ја сподели приказната за овој дедо со своите пријатели на социјалните мрежи и да се обиде да му помогне. Набрзо приказната се раширила и допрела до Американците.

Фиденсио Санчез (89) и неговата сопруга откако ја изгубиле ќерката, морале повторно да почнат да работат за да преживеат, па заедно одлучиле да продаваат сладолед. Меѓутоа, жената набрзо се разболела, па дедото морал сам да продолжи со работата.

„Ми се скрши срцето кога го видов тој човек како се уште работи на тие години, наместо да ужива во пензијата“, напишал Џоел кога со пријателите покренал кампања на платформата „GoFundMe“ и ги повикал луѓето да му помогнат и соберат 3.000 долари за Фиденсио и неговата жена.

Бројот на луѓе кои помогнале бил многу поголем од очекуваниот.

За само пет дена собрани се повеќе од 250.000 долари. Кампањата се уште трае и досега се собрани неверојатни 330.000 долари!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi