29 апсолутно откачени факти за Пабло Ескобар

20 октомври, 20160
7

Пабло Ескобар (лево), до слика од Вагнер Мура, кој го игра Ескобар во серијата „Наркос“.
Доколку сé уште не сте ја гледале последната серија за Пабло Ескобар, „Наркос,“ треба веднаш да го сторите тоа. Серијата со десет епизоди, во која играат Вагнер Мура, Морис Компоте и Бојд Холбрук, го опишува подемот на Пабло Ескобар, деструктивниот Колумбиец кој раководел со најкомплексната и далекусежна трговија со дрога – и убил илјадници во процесот.
Ескобар го засенува секој друг крал на дрогата во историјата. Тој почнал од ништо и во рок од само неколку децении станал еден од најмоќните луѓе во светот. По пат, тој направил некои навистина зачудувачки работи.

1. На неговиот екстравагантен имот во Пуерто Триунфо, Ескобар исто така изградил и приватна зоолошка градина во која имало нилски коњи, жирафи, слонови и други животни. Нилски коњи сé уште шетаат на местото и денес.

2. Ескобар бил одговорен за убиство на околу 4.000 луѓе, вклучувајќи околу 200 судии и 1.000 полицајци, новинари и владини службеници.

3. Во 1980-те, Медејин картелот на Ескобар бил одговорен за 80 проценти од кокаинот што бил пратен во САД.

4. Пред да почне да работи со трговијата со дрога, Ескобар продавал украдени гробни плочи на шверцери и исто така крадел автомобили.

5. Пабло Ескобар се родил во Рионегро, Колумбија во 1949. Неговиот татко бил фармер, а мајка му учителка.

6. Во 1976, 27-годишниот Пабло Ескобар се оженил со Марија Викторија Енао Вејехо, која тогаш имала само 15 години.

7. Додека семејството Ескобар се криело, ќерката на Пабло, Мануела, се разболела. За да ја стопли, Ескобар изгорел околу два милиони долари.

8. Пабло Ескобар купил авион само за да ги пренесува неговите пари.

9. Се вели дека Ескобар пренесувал кокаин во авионски гуми. Во зависност од тоа колку пренесувале од производот, тие можеле да заработат до 500.000 долари дневно.

10. Во обид да ги смени законите за екстрадиција, Ескобар понудил да го плати долгот на Колумбија, кој се проценува на 10 милијарди долари.

11. Ескобар трошел околу 2.500 долари месечно на гумени ластичиња со кои ги врзувал неговите пари.

12. Се проценува дека заработката на Ескобар достигнала максимум до 30 милијарди долари.

13. Ескобар бил на Forbes листата на милијардери од најбогатите луѓе во светот седум години по ред, почнувајќи во 1987 и кулминирал на седмо место во 1989.

14. Во доцните 1980-ти, колумбиските авторитети заплениле дел од огромниот возен парк на Ескобар, вклучувајќи 142 авиони, 20 хеликоптери, 32 јахти и 141 домови и канцеларии.

15. Бизнисот на Ескобар бил толку обемен и набљудуван што покрај авионите, хеликоптери, автомобили, камиони и бродови, тој дури купил две подморници за да го пренесува неговиот кокаин во САД.

16. Во текот на подемот на трговијата со дрога, Ескобар шверцувал до петнаесет тони кокаин секој ден.

17. Поради неговата поддршка за сиромашните, на Пабло Ескобар му го дале надимакот „Робин Худ“.

18. Други популарни надимаци за Ескобар биле „Дон Пабло“ и „Ел Патрон“.

19. Помеѓу предметите што ги поседувал кои биле пронајдени од авторитетите во домот на Ескобар бил шпански превод на класикот за самопомош, „Моќта на позитивното размислување“.

20. Околу десет проценти од заработката на Ескобар била изгубена поради штета. Веројатно е дека стаорци консумирале голем дел од тие банкноти.

21. Луксузниот затвор на Ескобар го нарекувале „La Catedral“ (односно „Катедралата“).

22. Во Катедралата имало казино, ноќен клуб и дури и спа.

23. По неговата смрт, обилниот колумбиски имот на Ескобар бил претворен во забавен парк и вклучувал животни, модели на диносауруси со природна големина, колекцијата на класични автомобли на Ескобар и многу повеќе.

24. Најголемиот страв на Пабло Ескобар бил екстрадиција. Без разлика што и да се случело, тој не сакал да ги помине неговите последни години во американска затворска ќелија.

25. Покрај неговиот страшен бизнис, Ескобар финансирал голем број на програми да им помогне на сиромашните жители на Колумбија. Тој давал пари на цркви и болници, основал програми за храна, градел паркови и фудбалски стадиони и основал маало.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi