Џесика Алба во секси креација на Зухаир Мурад!
23 мај, 20160
Џесика Алба мамеше воздишки со шик изглед на доделувањето на Billboard Music Awards. На розовиот тепих во Лас Вегас, славната актерка се појави во краток фустан од Зухаир Мурад и ги насочи објективите на фотографите кон себе.
Креацијата од либанскиот дизајнер 35-годишната холивудска ѕвезда ја искомбинира со чизми до над колена од Стјуарт Вајцман и накит од Картие.