Ова се најплатените актерки за 2016

25 август, 20160
1

Ѕвездата на трилогијата „Hunger Games“ се искачи на врвот на листата на најплатени актерки на денешнината, според магазинот „Forbes“.

26-годишната Џенифер Лоренс, по втор пат последователно ја освојува оваа титула, со заработка од неверојатни $46 милиони долари за 2016 година.

Парите на нејзиното конто најмногу се слеаја од франшизата „Hunger Games“, но и од огромниот аванс кој платинестата русокоса го доби за претстојната вселенска авантура „Passengers“, во кој Лоренс ја има главната улога, покрај Крис Прет.

Веднаш по Лоренс, следува Мелиса Мекарти со $33 милиони долари, а третото место ѝ припадна на Скарлет Јохансон со $25 милиони долари заработка.

Погледнете ја целосната листа на најскапо платени актерки за 2016 година:

  1. Џенифер Лоренс – $46 милиони долари
  2. Мелиса Мекарти – $33 милиони долари
  3. Скарлет Јохансон – $25 милиони долари
  4. Џенифер Анистон – $21 милион долари
  5. Фан Бинбинг – $17 милиони долари
  6. Шарлиз Терон – $16.5 милиони долари
  7. Ејми Адамс – $13.5 милиони долари
  8. Џулија Робертс – $12 милиони долари
  9.  Мила Кунис – $11 милиони долари
  10.  Дипика Педукон – $10 милиони долари

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi