Покажа дека не е самобендисан и арогантен: Со оваа постапка Роналдо ги трогна сите!

21 јуни, 20160
4
Многумина ќе се сложат со мислењата дека еден од најпознатите светски фудбалери често иритира со неговото однесување и изјавите надвор од теренот, дека е самобендисан и арогантен, но дека има и друго, понежно лице.

Кристијано Роналдо доби многу негативни критики после воведниот настап на Португалија на Европското првенство во Франција. Португалците одиграа само 1:1 против аутсајдерот Исланд, а Роналдо со ништо не потврди дека е еден од најдобрите фудбалери во светот. И тоа само неколку дена откако изјави дека токму тој е најдобриот играч во светот во последните 20 години.


Го платил лекувањето на болно дете!

После овој натпревар, Роналдо беше обвинет дека многу „глуми“, доби критики дека е лош губитник, а ниту статистиката не му оди во прилог. Многумина ќе се сложат дека напаѓачот на Реал Мадрид често иритира со своето однесување на фудбалските стадиони и со изјавите надвор од теренот, дека е самобендисан и арогантен, дека не ги почитува соперниците…

Но, Роналдо има и друго лице. Кога станува збор за помош на несреќните, кога треба да се покаже солидарност, Роналдо речиси секогаш е во првите редови. Во вторникот на Сен – Етјен, тројниот освојувач на Златната топка се појави со необична фризура – на задниот дел од главата имаше избричено две линии.
На социјалните мрежи и медиуми започнаа шпекулации за тоа што претставуваат тие две линии, а потоа шпанскиот портал „Телесинко“ ја откри вистината. Роналдо го направил овој необичен „украс“ на главата во знак на солидарност со едно болно дете.

Имено, се зборува дека Португалецот го платил лекувањето на момче кое било болно од рак. Во процесот на лекување, момчето било и на операција после која на задната страна од главата му останале две лузни. Токму тие лузни Роналдо ги „изимитирал“ со својата фризура и на тој начин му дал поддршка на болното дете. Можете да не го сакате, но за овој потег мора да му симнете капа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi