15-те најдобри видови на храна што согоруваат масти

13 септември, 20160
7

Наполнете ги Вашиот фрижидер и ормар со овие основни состојки за согорување на маснотии

 

  1. Ореви

Сите видови на јаткасти плодови содржат одредена доза на омега-3 масна алфа-линолеинска киселина, но повеќето содржат само трагови од неа. Правиот херој против маснотии во повеќето јаткасти плодови се мононезаситените масти. Оревите се всушност многу богат извор на омега-3. Дваесет и осум грама ореви содржат скоро три грама алфа-линолеинска киселина.

  1. Ѓумбир

Користен со векови за помош при олеснување на дигестивни проблеми, ѓумбирот исто така може да намали воспаленија, поттикнува крвоток кон мускулите и помага при опоравување на мускулите.  Покажано е и дека поттикнува согорување на калории кога се јаде.

  1. Овес

Овој јаглен хидрат што се вари многу споро ги одржува ниски нивоата на шеќер во крвта и инсулин, така што согорувањето на маснотии може да остане на високо ниво. Впрочем, докажано е со истражувања дека спортисти кои консумираат наутро јаглени хидрати што се варат споро согоруваат повеќе масти во текот на денот и при вежбање отколку оние кои консумираат јаглени хидрати што се варат брзо.

  1. Авокадо

Мононезаситените масти што ги содржи авокадото се согоруваат лесно при вежбање како гориво и всушност поттикнуваат согорување на масти. Авокадото содржи и многу интересен јаглен хидрат наречен манохептулоза, шеќер што го затапува лачењето на инсулин и го подобрува абсорбирањето на калциум – два процеси што се клучни за поттикнување на губиток на масти.

  1. Лосос

Оваа риба е еден од најбогатите извори на омега-3 есенцијалните масти ЕПА и ДХА. За разлика од лененото семе, што содржи тип на омега-3 кој мора да се преработи во ЕПА и ДХА, лососот го снабдува вашето тело со директна залиха на истите без потребна преработка. Вака знаете дека добивате директна залиха на мастите што поттикнуваат согорување на масти и го блокираат складирањето на масти.

 

  1. Соја

Соја зрната се директен извор на соја протеин, што е докажано дека ги гради мускулите ефикасно како други форми на протеини како што се сурутката и говедското месо. Сојата исто така е докажано дека помага при согорување на масти, најверојатно со тоа што го намалува апетитот и внесувањето на калории.

  1. Вода

Водата е можеби вашиот најдобар сојузник во согорувањето на телесни масти. Разни студии покажале дека пиењето две чаши ладна вода може да го убрза метаболизмот за 30%. Се проценува дека со пиење на две чаши ладна вода пред појадок, ручек и вечера секој ден во текот на една година може да се согорат 17,400 дополнителни калории, што претставува нешто повеќе од два килограми телесни масти.

  1. Ленено семе

Лененото семе содржи есенцијална омега-3  масна алфа-линолеинска киселина. Овие омега-3 масти е докажано дека пробудуваат гени што го стимулираат согорувањето на масти и исклучуваат гени кои го зголемуваат складирањето на масти.

  1. Цитрон

Одредена студија има докажано дека испитаници кои јаделе половина цитрон или пиеле околу 236 милилитри  сок од цитрон три пати на ден додека истовремено воделе нормален начин на исхрана во просек симнувале нешто помалку од два килограми во текот на дванаесет недели – а некои ослабеле дури четири ипол килограми без диета.  Овие резултати се смета дека се должат на способноста на цитронот да ги намали нивоата на инсулин и на хемиска состојка што ја содржи цитронот наречена нарингин, која го спречува складирањето на масти во телото.

  1. Мед

Точно е дека медот е вид шеќер, но тој се котира прилично ниско на гликемискиот индекс. Одржувањето на ниски и стабилни нивоа на инсулин е клучно за согорување на масти во вашето тело. Медот е исто така богат извор на азот-моноксид, а тоа значи дека всушност го поттикнува ослободувањето на масти од масните ќелии на телото.

  1. Путер од кикиритки

Ова е уште еден извор на мононезаситени масти што може да помогне со согорување на масти. Интересно е дека многу производители прават путер од кикиритки со намалена масленост. Секако, тие ги заменуваат овие здрави мононезаситени масти со јаглени хидрати, односно со шеќер. Избегнувајте ги овие и држете се до природен путер од кикиритки што не ви додава од оние масти кои сакате да ги избегнете – трансмасти.

 

  1. Јајца

Јајцата се класифицираат како храна што гради мускули. Па како е можно да бидат и храна што согорува масти? Истражувањата покажуваат дека оние кои го започнуваат денот со јајца не само што јадат помалку калории во текот на денот, туку и согоруваат значително многу повеќе телесни масти.

  1. Снегулки од чили пиперки

Лутите пиперки ја содржат активната состојка наречена капсаицин, хемиска состојка што може да поттикне согорување на калории додека се мирува како и да го намали гладот и внесување на храна. Зголеменото согорување на калории е конкретно посилно кога капсаицинот се користи заедно со кофеин.

  1. Брокола

Овој влакнест јаглен хидрат нема многу калории, но може да направи да се чувствувате заситени – една причина поради која е одлична храна за слабеење. Броколата исто така содржи и фитохемикалии што поттикнуваат согорување на масти.

  1. Маслиново масло

Како авокадото, маслиновото масло е одличен извор на мононезаситени масти. Овие масти не само што го намалуваат нивото на „лошиот“ вид на холестерол и го подобруваат кардиоваскуларното здравје, туку е и поверојатно дека тие ќе се согорат за гориво, што значи дека е помалку веројатно дека ќе ви се залепат за стомакот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi