5 здрави намирници кои не смеете да ги прескокнете оваа есен

9 ноември, 20160
6

5 здрави намирници кои не смеете да ги прескокнете оваа есен

Есента повторно пристигна, а со неа и намирници кои ги чекавме цела година.

Доколку сакате да уживате во есенските плодови, а истовремено и да се храните здраво, вашиот прав избор треба да бидат следниве 5 намирници!

Тиква

Овој портокалов зеленчук е богат со влакна што се многу важни вашиот дигестивен систем да остане здрав. Исто така тиквите се богати со бета-каротен што вашето тело го претвора во витамин А кој понатаму се грижи за вашиот вид и имунолошкиот состав. Не ги заборавајте ниту семките што се богати со фитостерол – тој природно го намалува нивото на лошиот холестерол во вашиот организам. Семките на тиквата помагаат исто така во излачувањето на серотонин, хормон поради кој се чувствуваме добро.

Броколи

Ако вашите родители ве терале да ги јадете овие мали зелени топчиња, тоа го правеле со добра намера. Броколите се многу добар извор на железо што е потребно за пренос на кислородот низ вашето тело. Исто така, броколите содржат и пристојна количина на фолати, влакна, како и витамини Ц и К.

Шипки

Овие мали црвени драгоцености се многу богати со антиоксиданси кои ги намалуваат воспалителните процеси на дигестивниот систем и спречуваат разни заболувања. Шипките се исто така богати со влакна, а воедно се и се богат извор на витамини Б, Ц и К.

Цвекло

Својата препознатлива боја, цвеклото ја добива од беталаинот кој и дава и анти-воспалителни својства, така да делува како антиоксиданс. Цвеклото е богато и со фолати, витамин Ц и магнезиум, а поради големата содржина на вода, дури и до 90%, исто така е одлична намирница за слабеење.

Круши

Крушите се богати со влакна што го намалуваат нивото на лошиот холестерол. Исто така, тие содржат доволни количини на витамин Ц (кој помага во апсорпција на железото) и бакар (кој го забрзува средишниот нервен систем).

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi