Испеглајте го вашиот стомак за само една недела – заменете еден оброк со оваа салата!

20 јули, 20160
2

Салатата „Метла“ иако некои ја нарекуваат и „Четка“ веќе неколку години е една од најпопуларните на менијата на оние кои сакаат брзо да ослабнат.

Можеби не изгледа убаво или егзотично, но таа е вистинско решение доколку сакате да го исчистите организмот и да ослабете за кратко време.

Еве во што е тајната

Основна компонента на оваа салата му овозможува на организмот витамини и минерали, исполнети со влакна и пектин. Благодарение на тоа ова јадење допринесува ефикасно чистење на цревата, а со намалување на фекалните наслаги се намалува и телесната тежина.

Но, тоа не е се. Бидејќи некои од состојките се нискокалорични, ако замените еден оброк со оваа салата, на пример вечера, можете да се ослободите од масни наслаги. На тој начин, резултатот со користење на оваа вкусна и корисна салата е прочистен организам и намалена телесна тежина. Но, да не должиме многу. Постојат неколку рецепти за да ја направите оваа салата, а ние ќе ве запознаеме со класичниот и воедно најпопуларниот начин.

Потребни се: зелка, цвекло, морков, зелени зачини, лимонов сок, масло

Подготовка

Изрендајте ја зелката, цвеклото и морковот во однос 3:1:1. Додадете зачини по ваш избор (магданос, целер, мирудија) Изгмечете го зеленчукот да пушти сок. Додадете малку лимонов сок и по желба, за пикантен вкус, во салатата можете да додадете пасиран бел лук. Зачинете со мало количество масло (се препорачува масло од лен или маслиново) .

Салатата не треба да ја солите, а ако не можете да се откажете од солениот вкус, користете соја сос, кој содржи поприлична количина сол и го подобрува вкусот на храната, а има и високи нитритивни вредности и не е штетен по здравјето.

Но, треба да имате на ум и дека кај ниска киселост во желудникот нутриционистите советуваат дека е подобро да користите кисела зелка.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi