Колку време треба да издржите во сексот за таа да доживее оргазам?

26 јуни, 20160
8

Половина час? 10 минути? 3 секунди?

Колку всушност треба да трае сексот и колку мажот би требало да „издржи“ во креветот без да ја заврши играта и дали времето може да биде фактор според кој се мери успешноста на сексуалниот однос? Токму издржливоста на мажите е она со кое фраерите, но и нивните партнерки, сакаат да се фалат.

По прашањето на издржливоста на мажите во креветот постојат многу несогласувања и бројки, но затоа науката ни даде бројки според кои би можеле да се водиме. За повеќето мажи сексот трае кратко. Од моментот на пенетрација до оргазмот кај мажите не поминува цела вечност, туку според повеќето истражувања мажите во креветот најчесто „траат“ од 4 до 7 минути, односно максимално 10 минути.

Тоа пак за повеќето жени е прекратко!

Според стручните лица вистинската бројка е некаде измеѓу 7 и 13 минути. Според сексуалните терапевти ова е посакувано време на траење на сексуалниот однос од моментот на пенетрација, па се до оргазмот кај посилниот пол. Седум минути е адекватен, а 13 посакуван резултат.
Токму од овие причини за квалитетен сексуален однос поврзан со времетраењето стручните лица имаат два интересни совети:

1 Не ја игнорирајте предиграта

Повеќето жени сметаат дека предиграта треба подолго да трае, додека мажите многу често ја игнорираат. Затоа нежно потсетете го вашиот партнер како и таа е дел од вашиот сексуален однос. И не заборавајте дека претставниците на посилниот пол се визуелни типови и допирот воопшто не им е потребен, за разлика од жените кои сепак преферираат стимулација со допири која може максимално да ги возбуди.

2. Разбудете ја вашата авантуристичка страна

Секој пар во својот сексуален живот треба да вклучи што повеќе флексибилност и фантазија бидејќи сексот така ќе биде најдобар, но и ќе трае подолго.

А така и задоволството ќе биде обострано.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi