Ешли Грем, најпознатиот модел со облини, стана заштитно лице на H&M

10 август, 20160
5

Ешли Грем продолжува да руши бариери во модната индустрија. Најпознатиот модел со облини стана заштитно лице на H&M Studio.

Девојката, која до пред неколку години можеше да добие кампања само како „plus-size“ модел, постојано нижи успеси во светот на модата. Во новата кампања на познатиот шведски бренд, Грем презентира модели од колекцијата есен 2016.

За да ја создаде колекцијата, H&M погледна на женственоста и женската моќ низ призмата на фолклорот и романтизмот.

Ешли Грем Ешли Грем Ешли Грем

28-годишната Канаѓанка, која секојдневно ги инспирира жените да го сакаат своето тело, во интервју за „Harper’s Bazaar“ ги потсети жените дека нема стандардна дефиниција за убавина. „Се чувствувам неверојатно. Додека растев немав модели со облини како идоли, главно затоа што немаше жени со облини вклучени во големите рекламни кампањи. Се надевам дека младите жени кои купуваат во H&M ќе ме видат мене во рекламите и ќе се потсетат дека не постои стандардна дефиниција за убавина или совршена големина“ – вели Грем.

Ешли Грем Ешли Грем

Во март, Ешли беше дел од моделите кои ја претставија колекцијата на H&M во Париз. „Колекцијата е за силата и убавината на жената и како ја изразуваме таа моќ преку нашиот стил“ – велат од брендот.

Ешли Грем

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi