Најдобрите моменти од ревијата на Miu Miu за есен–зима 2017
На ревијата на Miu Miu во Париз на која беше претставена колекцијата за есен-зима 2017 присуствуваа бројни познати лица.
Француската престолнина во изминативе денови беше Мека и Медина за љубителите на модата, но и за бројни познати лица. Модната недела беше затворена со ревија на познатата модна куќа Miu Miu на која се појавија Кендал Џенер, Џиџи Хадид, Емили Ратајовски, Андирјана Лима, Ирина Шајк и бројни други познати манекенки.
Интересно е и тоа што на ревијата меѓу гостите се појавија и некои помалку очекувани гости, а меѓу нив и мајката на Кендал, Крис Џенер. Но покрај неа тука беа и Кјара Ферагни, Елена Перминова, Мирослава Дума и многу други познати ИТ девојки, а како тие изгледаа и што носеа на ревијата, погледнете во продолжение.
A еве ги и најубавите моменти од ревијата …