Погледнете што се ќе биде тренд за оваа пролет/лето 2016

27 април, 20160
11

Ви претставуваме дел од работите кои ќе бидат тренд за оваа 2016 година. Погледнете што се ќе биде тренд за оваа пролет/лето 2016.

1. Кулоти

Не, не грижете се не станува збор за гаучо пантолоните од 2004. Овие софистицирани панталони ја преплавија модната сцена. Од кафе со пријателките до коктел забава, облечете салонки и подготвени сте каде и да одите.

Одлично стои со: блуза која може да ја пикнете во нив, елек и шпиц потпетици.

2. Голи раменици

Дами истакнете ги клучните коски! Од модните писти до секојдневната улична мода, фустаните и блузите со голи раменици се вгнездија помеѓу претстојните трендови. Може да ги носите со храбар принт или во светла боја за да го зачини изгледот.

Одлично стои со: впечатлив ѓердан, ако сте срамежливи, а ако сте храбри тогаш со пунџа и алки.

3. Комплет во иста боја

Заборавете на сите правила кои диктираат дека не треба да носите парчиња во иста боја и испробајте го овој софистициран тренд. Од сакоа до комбинезони, до кулоти и наметки – ќе бидете најшик девојка во канцеларијата.

Одлично стои со: кармин во силна боја, рамни сандали од змиска кожа или мантил со високи беж штикли за да ги издолжите нозете.

4. Бомбер јакна

Бомберот официјално го окупира модниот свет, но оваа година карактеристичен е по необичните бои и свежите силуети. Без разлика дали е поголем или со некаков вез, 2016-та е година на деталите.

Одлично стои со: пар црни фармерки, чизми со врвки и храбра чанта. Не се плашете да го облечете над секси фустан со патики со платформа за неочекуван спортски изглед.

5. Мантил – елек

Мантилот секогаш ќе биде класично парче во сечиј гардеробер, но сега е модерен без ракави. Без разлика дали трчате на ручек или се упатувате на состанок, овој елек е совршен за слоевито облекување и за нов изглед на вашата омилена комбинација.

Одлично стои со: патики, туника и гломазни очила. Или со бела кошула и црни потпетици за на работа.

6. Пантофли

Не, не, не зборуваме за влечки за по дома. Пантофлите брзо го опфатија модниот свет, без разлика дали вам ви се допаѓаат или не. Рамни или со потпетица, од змиска кожа или антилоп, овој тренд заслужува шанса.

Одлично стои со: искинати фармерки, кожна јакна и авијаторки. Или со здолниште во А-линија и блејзер со принт.

7. Крупни пруги

Не се плашете од крупните пруги. Без разлика дали се во необична боја или форма, овој свеж тренд му дава модерна нишка на традиционалниот хит кој сите го сакаме.

Одлично стои со: тесни пантолони или макси здолниште со набори. Или со заводлив топ, чизмички до глужд и тексас јакна.

8. Слип фустан

Ова секси парче е насекаде од Келвин Клајн до Селин, Ријана и Џенифер Лоренс. Овој фустан можеби ви изгледа застрашувачки поради задушувачката, припиена силуета. Но, во А-линија изгледа прекрасно и полесно се носи.

Одлично стои со: голем џемпер и пантофли. Или чанта преку раменици со накит, високи потпетици и кожна јакна.

9. Впечатлива чанта

Бидете храбри и купете ја таа весела чанта во циклама боја или онаа со крзно. Оваа година во центар на вниманието се впечатливите чанти кои го освежуваат изгледот. Забавувајте се со секојдневните модни додатоци.

Одлично стои со: онаа работна комбинација што ја носите барем еднаш во неделата и поради која очајно мора да го зачините изгледот.

10. Миди здолниште во А-линија

Миди здолништето веќе неколку сезони е популарно, но сега се носи со копчиња, патенти и кожа. Обратете големо внимание на материјалот и на текстурата на здолништето.

Одлично стои со: кратка ролка без ракави, коњско опавче и храбра чанта. Или струкирана кошула и едноставни салонки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi