Природен ботокс: Домашна маска од банани против брчки

22 ноември, 20160
1

Нема потреба да потрошите многу пари за препарати против брчки. Сé што ви треба за да направите одлична маска за затегнување на кожата, вероjатно веќе имате дома.

Потребно е пола зрела банана, 3 лажичиња јогурт и 1 лажиче мед.

Изгмечете ја бананата што поситно и помешајте ја со мед и јогурт. Нанесете ја маската на лицето и оставете ја да стои меѓу 15 и 20 минути дури потполно не се осуши. После тоа измијте го лицето прво со топла, а потоа со студена вода.

 Зошто е оваа маска толку добра?

Бананите се богати со хранливи материи што се многу корисни за кожата. Најновите истражувања покажаа дека бананите се одлично средство во борбата против брчките.

Млечната киселина во јогуртот ќе направи пилинг, а медот ќе и ја даде потребната хидратација на вашата кожа. Оваа маска одговара на сите типови кожа, а може да ја користите секојдневно, сé додека не приметите подобрување на кожата на лицето.

Имајте на ум дека резултатите нема да бидат видливи за ден, или два – тоа е природна маска и нејзиниот ефект обично е поспор од козметичките производи. Првите резултати на оваа маска ќе ги приметите после три недели на редовна употреба. Ќе бидете изненадени.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi