Кои се полно преносиви болести?

20 декември, 20160
5

Кои се полно преносиви болести е често прашање на младите, особено на тинејџерите кои само што стапуваат во сексуални односи.
Постојат многу типови на полно преносиви болести и вируси. Да се има точно знаење за нив е единствен начи за успешно да се заштитиме. Најчести болести се: Кламидија, Микоплазма, Уреаплазма, Кондиломи, Генитален херпес, Уринарни инфекции (што не спаѓаат во полни болести, но благодарејќи на нив, се пренесуваат во голема мерка), потоа Шуга, Срамни вошки, Гонореја, Сифилис, Трихомонијаза, ХИВ-СИДА, Хепатитис Б и Хепатитис Ц.
Полните болести кај машките се прилично раширени, како и кај жените. Некои луѓе сметаат дека постои поделба на женски и машки, но многу е важно да се напомене дека тоа се исти болести, само симптомите се разликуваат кај едни и кај други. Може да се пренесат со сексуален однос, бакнежи, орално-генитален контакт, како и заедничко користење на играчки за секс. Скоро секоја полна болест се пренесува преку телесни течности и преку додир на слузокожата, како последица на незаштитеност (не користење на кондоми) за време на сексуалните односи, дури и кога е во прашање оралниот, или аналниот секс.
Некои болести можат да се пренесат и со наједноставен допир со инфицирана кожа, а не само преку телесни течности, како што е на пример со Херпесот, или Гениталните брадавици (ХПВ вирус), па кај овие болести, кондомот често не е доволна заштита.
Симптоми на полно преносиви болести може да изостанат со месеци, па дури и години. Единствен сигурен начин за да се уверите дали сте заразени со некоја полна болест е да го посетите докторот и да се тестирате.
Некои полни болести може успешно да се излечат, додека некои може со голем успех да се држат под контрола. Затоа е важна редовна посета на лекар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi