16 јули, 2019

Радио

Тиквичките убаво измијте ги,исечете ги накоцки, а пиперките исчистете ги па и нив исечете ги на коцки.На загреан путер запржете ги тиквичките, додадете малку вегета потоа налејте вино и се кусо гответе. Потоа додадете ја ренданата кора од лимон и се добро измешајте. Доматите исчистете ги од семето и исечете ги на коцки. Во широка тава на загреано масло запржете ги пиперките, Додате ги исечканите домати,остатокот од вегетата и гответе на тивок оган се додека пиперките не омекнат. Кришките од францускиот леб пропржете ги во тефлонска тава и премачкате ги со згмечен лук. На секоја кришка леб ставете топол зеленчук и веднаш послужете.
Совет: Зеленчукот приготвен на овој начин можете да го чувате во ладилник
3-4 дена.
400 гр тиквички
800 гр свежи пиперки
50 мл бело вино
20 гр путер
200 гр свежи домати
1 лажичка рендана кора од лимон
1 лажичка сок од лимон
1 лажица вегета
1 лажица сечкан магдонос
8 кришки француски леб
2 чешниња лук
100 гр фета сирење
масло за пржење
Време за подготовка: 45 минути.

Остави коментар

Почетна // Рецепти // Брускети со зеленчук
Горе