Мурињо: Сер Алекс е фантастичен

21 ноември, 20100

Португалецот му се восхитува на менаџерот на Јунајтед, но не го заборавил ни својот ментор, покојниот Боби Робсон. Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо има само најубави мисли за менаџерот на Јунајтед, Алекс Фергусон. На една вечера, на која присуствувале славни личности, Мурињо бил ”почесен гостин”. Тој по тоа случување за сајтот на Реал изјавил: ”Алекс Фергусон е фантастичен. Ние припаѓаме на тотално поинакви генерации, но кога ќе се сретнеме тоа не изгледа така. Секој пат кога ќе се сретнеме, кога ќе победам јас или тиј, ќе се напиеме и по малку вино, се со цел да го прославиме нашето одлично пријателство.” ”Специјалниот” исто така изразил наклоност и кон покојниот Боби Робсон.”Боби ми даде шанса да работам со него, кога практично бев дете во светот на фудбалот. Имав можност да работам во одлични клубови и со одлични играчи. Многу научив. Тоа ми помогна и сакав да бидам главен тренер. Никогаш нема да го заборавам.” – додава Мурињо за својот ментор и се насочува кон сегашниот клуб. ”Пресреќен сум во Реал, бидејќи правиме добар тим, остваруваме добри резултати и играме добро. Но имаме и нешто посебно, посебниот однос со навивачите.” – заклучил одличниот тренер.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi