17 септември, 2019

Радио

Македонија утрово се разбуди на поларни температури кои во некои градови беа и до 17 степени под нулата. Последните податоци околу температурата во македонските градови покажуваат дека само во Гевгелија температурата е еден степен во позитива, додека во останатите градови живата во термометрите е неколку степени под нулата.
Во Берово во моментов е минус седум, во Битола е девет степени под нулата, истата температура е и во Охрид и Прилеп. Во Демир Капија и Штип во моментов е најстудено каде е измерена температура од минус 14. Во Скопје во моментов владе температура од околу минус 10 степени Целзиусови. Управата за хидрометеоролошки работи најавува дека ниските температури ќе се задржат во текот на целиот ден и најмногу ќе се искачат до минус два степени, освен во Гевгелија каде денеска се очекува највисоката температура да биде два степени над нулата. Ваквото време ќе се задржи денеска и утре, за недела метеоролозите најавуваат затоплување и повисоките температури до 10 степени.

Извор: Нетпрес

Остави коментар

Почетна // вести // македонија // Поларни температури низ целата држава
Горе