Индонезија – две природни катастрофи во рок од два дена

27 октомври, 2010

Индонезија – не работел системот за предупредување од цунами. Бројот на жртви кои ги предизвика цунамито во Индонезија во понеделникот, можел да биде многу помал, доколку системот за предупредување за надојдување на цунамија работел. Бројот на жртви засега изнасува 311, а за исчезнати се водат 379, од земјотресот со 7,7 стрепени според Рихтеровата скала, кој го предизвика и цунамиот. Брановите со околу 3 метри го поплавиле островот Пагај и срушиле многу домови. Надлежните во Индонезија, рекле дека системот бил уништен, а купувањето на нов е многу скап и чини 560.000 долари. Станува збор за детектор кој се наоѓа под морето, а испраќа импулси преку сателит до копното, за можна појава за надојдување на цунами. Индонезиските власти експресно испратиле бродови на националната морнарица за да го снабдуваат населението со лекови и храна, како и медицински екипи. Спасувачките екипи имаат додатни проблеми поради лошите временски услови и прекинувањето на комуникацијата во целиот регион. Во меѓувреме Индонезија ја погоди и друга природна катастрофа, откако на островот Јава еруптираше најактивниот вулкан во земјата Мерапи. Ерупцијата започнала еден ден после земјотресот, скоро милион луѓе се во опасност од можноста за излевање на лава. Од вулканската пепел настрадале за сега 28 луѓе.