15 септември, 2019

Радио

После Хрватска и Словенија, обилни дождови почнаа да ги парализираат и Германија и Полска. Во Саксонија – Германија прогласена е вонредна состојба, нивото на реките постојано расте, а метеоролозите предвидуваат дождови и во наредните два дена. Ова е втор пат годинава Германија да ја зафатат поплави, кога после август оваа година поплавите предизвикаа штета од стотитна милиони евра. Во западна Полска најлошо е во градовите Суликово и Лугов, нивото на реките расте, а најголем страв им предизвикува излевањето на реката Одра.

Остави коментар

Почетна // вести // свет // Поплави во Германија и Полска
Горе