24 јануари, 2020

Радио

Поранешната чуварка на плажата животните сигурно премногу ја сакаат за нејзината ангажираност во Пета, но овојпат нејзината родна татковина ја отфрли. Нејзината најнова реклама за етички третман на животните предизвика многу гнев во северот на Канада и во последен момент ја забрани целата кампања, тврдејќи дека фотографијата е сексипилна. На рекламата Памела носи бикини, а со маркер се исцртани деловите од телото коишто месарот наводно треба да ги исече, како на пример ребра, гради, бут. Со паролата сите животни ги имаат истите делови од телото. Претставник на Монтреал објасник дека рекламата е забранета не поради нејзината контоверзност, туку дека таа била против сите принципи, додека јавните организации се борат за еднаквост меѓу мажите и жените. Андерсон изреагирала на оваа забрана со изјавата : Во еден град кој е познат по егзотичните танци и кој е прогресивен, тажно е што една жена ќе биде исклучена од користење на сопственото тело во политички протест поради страдањето на кравите и кокошките. Во некои делови на светот жените се приморани да го покриваат своето тело со превез- дали е тоа следно, запрашала Памела. Портпаролот на Пета изјавил само дека градските власти ги измешале темините секси со сексистички.

Остави коментар

Почетна // Забава // Шоубиз // Новата рекламна кампања на Памела за Пета е премногу секси за Канада
Горе