Очите на Мона Лиза кријат тајни?

12 декември, 20100

Италијанските научници со помош на модерната технологија, во зениците на Мона Лиза, едно од најпознатите уметнички дела на Леонардо Да Винчи, откриле тајни бројки и букви, пишува весникот Дејли Меил пренесува Нетпрес. Иако нејзината насмевка секогаш била енигма, сега Мона Лиза се нашла во центарот на нова мистерија, откако експертите забележале дека во нејзините зеници се кријат ситни бројки и букви, а за кои верувале дека таму ги поставил токму Да Винчи. Некои верувале дека токму тие тајни знаци во очите, се Кодот на Да Винчи за кој пишуваше Ден Браун во истоимениот бестселер. Претседателот на италијанскиот Национален одбор за културно наследство, Силвано Винчети, кажал дека симболите не се видливи со голо око, но под лупа тие можеле јасно да се видат. “Во десното око може да се видат буквите Л и В што би можеле да бидат иницијалите на уметникот, додека во левото око има симболи што не можеме да ги дефинираме. Претпоставуваме дека се работи за буквите Ц и Е, а би можеле да бидат и Ц и Б. Во позадина се гледа бројот 72, но на место 7 би можела да биде буквата Л. Бидејќи сликата е стара 500 години, повеќе не е остра и јасно видлива како првите денови кога е насликана”, објаснил Винчети. Истражувањето започнало откако еден член на Одборот во антикварница нашол ретка книга во која авторот пишува за тајните симболи во зениците на Мона Лиза. Винчети бил уверен дека Да Винчи ставил посебен акцент токму на оваа слика бидејќи пред крајот на неговиот живот насекаде ја носел со него.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi