6 декември, 2019

Радио

Првиот човек на Формула 1, Берни Еклстоун и неговата девојка Фабијан во средата вечерта биле нападнати и ограбени од страна на четворица ограбувачи. Осумдесет годишниот милионер бил нападнат пред неговата канцеларија во Лондон. Берни и Фабијан биле фатени во заседа од страна на четворица разбојници. Еден од разбојниците го удрил Берни по главата и тој паднал на земјата, додека 31-годишната Фабијан ужасната гледала што се случува. Берни со мали повреди на главата, бил транпортиран до болница, а набргу по лекарскиот преглед бил пуштен. Ограбувачите од Еклстоун и неговата девојка, според проценките, украле накит и часовници во вредност од околу 200.000 фунти. Тие успеале да избегаат пред да пристигне полицијата.

Остави коментар

Почетна // Забава // Шоубиз // Ограбен првиот човек на Формула 1, Берни Еклстоун
Горе